Селтикс одржаа шампионска парада низ Бостон, фановите не го заборавија и Дончиќ (Видео)

Екипата на Бостон селтикс ја одржа шампионската парада низ улиците на градот, за најтрофејниот тим во НБА лигата ова беше рекордна 18-та титула, но само втора во последните 38 години, претходната беше во 2008 година.

За време на прославата имаше неколку интересни моменти, а некои фанови не ја пропуштија приликата и да го „закачнат“ Лука Дончиќ, најдобриот играч на Далас маверикс, тимот поразен во големото финале.

„Лука ќе се жалеше на метежот во сообраќајот“, пишуваше на провокативниот транспарент, со асоцијација дека на Словенецот многу работи му пречат и постојано се жали кај судиите за секакви работи.

Огромен број луѓе излегоа на улиците да го поздрават шампионскиот тим. Во Бостон и околината, љубителите на спортот се навикнати да слават титули. Еден фан се пофали дека има 22 години, а учествувал на дури 13 шампионски паради благодарение на титулите на НФЛ тимот Њу Ингланд патриотс, хокеарскиот Бруинс, кошаркарскиот Селтикс и безбол тимот Ред сокс.

 

- Оглас -

Најнови вести