Тимот што победува не се менува, а и вежбите што кондицискиот тренер Иван Јовановски Карас ги подготвува за македонските репрезентативци веќе се рутина.
Атмосферата во нашата репрезентација како што вели капитенот Горан Пандев никогаш не била подобра, а за релаксација членовите на националниот тим си имаат свои омилени рутини.
Една од нив е семафорот на Карас, вежба што на почетокот на минатиот циклус беше новитет за нашите репрезентативци, но сега стана секојдневие што лесно се минува.
Нашите репрезентативци велат само да продолжиме да победуваме, а Македонија е вистинско фудбалско чудо со серија од девет натпревари без пораз. Последни не поразија Шпанците во Скопје, во јуни 2017 година, што значи дека серијата трае над 15 месеци.
И утре сме фаворити за победа против Лихтенштајн и го очекуваме десеттиот меч без пораз, овојпат и да ги освоиме трите бода.