Семејството Ѓоковиќ најави дека Новак ќе освои уште 10 гренслема, па прекина прес по провокативно прашање

Родителите и едниот брат на Новак Ѓоковиќ одржаа интересна прес-конференција, која беше прекината кога беше поставено прашањето како е можно најдобриот тенисер на светот на 16 декември да бил позитивен на ковид-19, а утредента да се појави на доделување на награди за деца тенисери.

Братот Ѓорѓе Ѓоковиќ не одговори на прашањето, туку ја затвори прес-конференцијата. Пред тоа, таткото Срѓан еуфорично најавуваше дека Новак ја победил Австралија и дека ќе освои уште десет гренслем-титули.

https://twitter.com/i/status/1480540755076730885

- Оглас -

Најнови вести