Семејството на Мбапе го купува францускиот клуб во кој играле голем број на ѕвезди

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, летото сврте нов лист во кариерата, откако реши да си замине од Пари Сен Жермен и кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Иако си заминува од францускиот фудбал, Мбапе веројатно ќе остане дел од француските лиги, затоа што неговото семејство е во процедура за купување еден второлигаш.

Се работи за екипата на Кан, која минатата сезона заврши на шестото место во втора лига и само за еден бод не успеа да биде дел од доигрувањето за пласман во Лига 1. Тимот од Нормандија моментално е во сопственост на американската компанија „Oaktree Capital Managment“, која во своја сопственост го има и италијанскиот гигант Интер.

Американците решија да се повлечат од Кан, а сериозен кандидат за пресемање на контролниот акциски пакет е фирмата која е во сопственост на мајката на Килијан Мбапе.

Кан е клуб чиј дрес во минатото го носеле голем број на познати фудбалери како што се Нголо Канте, Вилијам Гала, Стивен Ензонзи, Рафаел Гереро, Томас Лемар…

- Оглас -

Најнови вести