Семејството на Стеф Кари преживеа драма по финалето во Париз: Сопругата плачеше, некој го удрил и бебето (Видео)

Сопругата на американскиот кошаркар Стеф Кари, Ајеша Кари, преживеала вистинска драма по завршување на финалето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Таа заедно со својата пријателка го гледала финалето меѓу САД и Франција, на кое нејзиниот сопруг постигна осум тројки, од кои четири беа во последните две и пол минути кога се решаваше одлуката за победникот.

На снимките кои се објавени на совијалните мрежи се гледа како Ајеша и пријателката се задржани од полицијата, која не им дозволува да поминат. Полицајците објаснуваат дека добиле инструкции никого да не пуштаат како дел од високите мерки за безбедност поради присуството на францускиот претседател Емануел Макрон.

По расправијата, Ајеша Кари заврши со солзи во очите, а наводно некој во целиот метеж го удрил нејзиното бебе кое го носеше во „кенгурот“ на неа. Во расправијата се вклучил и Дрејмонд Грин, кој е соиграч на Кари во Голден Стејт вориорс. Грин бараше објаснување од полицијата за нивното такво однесување, но ништо посебно не помогна.

 

- Оглас -

Најнови вести