Сенегал ќе покаже зошто е еден од најголемите фаворити на АФКОН

5714 Сенегал – Зимбабве (АФКОН, 14:00 часот)

Сенегал е еден од најсериозните кандидати за титулата на Африканскиот куп на нации.

Предводени од Садио Мане, Калиду Колибали, Едуард Менди, Кеита Балде и уште неколку квалитетни играчи, тие нема да имаат проблеми против Зимбабве.

Од друга страна, пак, оваа селекција тешко дека ќе има квалитет да се спротистави на моќниот опонент.

Предлог тип: 1&3+ (2.16)

 

5721 Мароко – Гана (АФКОН, 17:00 часот)

Вториот натпреварувачки ден ни го носи и првото големо дерби на континенталниот шампионат на Африка. Мароко и Гана се едни од најтофејните селекции во Африка и сега целат кон највисоки остварувања.

Во последно време овие две селекции одиграле само еден натпревар и тој минатата година му припадна на Мароко со минимални 1:0.

Иако се очекува претпазлив фудбал, сепак, сметале дека двете селекции ќе постигнат барем по еден погодок.

Предлог тип: ГГ (2.18)

 

1152 Манчестер јунајтед – Астон вила (ФА куп, 20:55 часот)

Третата рунда од ФА купот ни носи нов премиерлигашки дуел, кој ќе се игра на „Олд Трафорд„.

Манчестер јунајтед е благ фаворит, но Стивен Џерард и Астон вила се опасни и засилени со Филипе Кутињо. Тимот од „Вила парк“ сезонава игра на гол повеќе и претставува голема закана за најсилните тимови од Англија.

Џерард сигурно е дека ќе сака да се „докаже“ пред најголемиот ривал и да им донесе нова радост на навивачите на Ливерпул, но кога Кристијано Роналдо е од спротивната страна, се може да се очекува.

Предлог тип: 3+ (1.79)

 

3615 Торино – Фиорентина (Серија А, Италија, 17:00 часот)

Ова коло во Серија А е навистина ефикасно, а ние се надеваме дека така ќе биде и вечерва на затворањето.

Торино и Фиорентина со Андреа Белоти и Душан Влаховиќ имаат фантастични голгетери кои и вечерва ќе бидат желни за гол повеќе во противничката мрежа. Иако домашниот напаѓач е под знак прашање, квотата од 1.89 за да видиме три гола изгледа навистина одлична.

Предлог тип: 3+ (1.89)

 

1648 Јонг Утрехт – Јонг Ајакс (Ерсте дивизије, Холандија, 18:45 часот)

Денешните типстерски совети се фокусираат на погодоците, а тие нема да бидат комплетни ако нема натпревар од втората холандска лига.

Младинците на Утрехт и Ајакс редовно даваат голем број на погодоци, односно во последните пет натпревари тие имаат во просек од 4,8 погодоци по средба.

И вечерва ние не би имале ништо против да се повтори вакво нешто.

Предлог тип: 4+ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести