Интер Турку – Лахти (17.30 часот)
Двата тима имаат само по една победа во последните пет кола во финското првенство, а нивните последни меѓусебни дуели се со 2-3 гола. Интер е посилен тим, а победата му треба за да остане во горната половина на табелата која би го однела во плејофот. Лахти на 16 февруари го победи Интер во Турку во меч од Купот, па сега е прилика за реванш.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)
Бран – Мјондален (19.00 часот)
Домашните се фаворити на хартија, особено што Мјондален во првенството не знае за победа веќе два месеца (од 4 мај наваму). На овој меч во Берген сигурно ќе има голови, а Бран со победа ќе се вмеша во трката за местата кои водат во Европа. Квотата на денот на Sport Life ве советува да играте дека Бран ќе води и на полувреме, а ќе ја добие средбата.
Предлог тип: 1-1 & 2-4 (3.05)
Уганда – Сенегал (21.00 часот)
Овие две селекции загубија по еднаш во групите, Уганда од Египет, а Сенегал од Алжир. Традицијата е на страна на Сенегалците кои никогаш не биле поразени од Уганда, иако последната пресметка во 2017 година, која беше од пријателски карактер, заврши без голови. Во нокаут-фазата искуството е многу важно, а овојпат тоа е на страна на Садио Мане и другарите.
Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.70)
Мароко – Бенин (18.00 часот)
Мароко е едно од најпријатните изненадувања на Африканскиот куп на нации, откако групната фаза ја заврши на прво место и со максимални 9 бода и сите мечеви ги доби со по 1-0. Иста или слична судбина го чека и Бенин, кој во групите трипати играше нерешено и со три бода се протна во осминафиналето. Мароко никогаш не загубил од Бенин, а играле четири пати.
Предлог тип: 1 (1.53)
Динамо Минск – БАТЕ Борисов (17.45 часот)
Гостите имаат два бода минус во однос на лидерот Брест, па во Минск мора да одигра цврсто и на победа против Динамо, кој не е лош, но тешко се снаоѓа во пресметките со БАТЕ. Последниот пораз на БАТЕ во Минск е во 2013 година. Тимот од Борисов ја има најдобрата одбрана во белоруското првенство (4 примени голови во 13 кола) и овој меч веројатно нема да изобилува со погодоци.
Предлог тип: 2 (1.75)