Сенегалскиот Фелпс: Како е да се учи 227 см висок НБА играч да плива (Видео)

Кошаркарите на Бостон имаат предност од 1:0 против Торонто во дуелот од полуфиналето на Источната конференција и со оптимизам го очекуваат вечерашниот втор дуел.

Паузата за релаксација во „Дизни центарот“, играчите на Бостон ја искористија за една необична мисија.

Енес Кантер и Џелејн Браун се обидоа да го научат Селегалецот Тако Фол да плива. „Сенегалскиот Фелпс на часови за пливање“, напиша Кантер на видеоклипот кој го пушти на својот твитер-профил.

Фол моментно е највисокиот играч во НБА-лигата со 227 сантиметри, а има распон на рацете од неверојатни 250 сантиметри. Тој не беше избран на НБА драфтот, но сепак заигра во НБА и сега со Селтик се бори за освојување на титулата.

https://twitter.com/i/status/1300719863531483136

 

- Оглас -

Најнови вести