Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија утринава се упати кон Бар, каде што утре ќе ги одмери силите против Црна Гора во контролката како тест за претстојните претквалификации за ЕП 2025.
Утре во 19 часот, во салата „Тополица“, Александар Јончевски ќе дебитира на селекторското столче, кој пак кон Бар се упати со 13-мина кошаркари на списокот, по завршените подготовки во Маврово изминатиов период.
Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.
По пријателскиот дуел, Македонија има обврски да се пресмета со Данска на гостински терен на 25 август, односно со Словачка во „Борис Трајковски“ на 28 август како дел од претквалификациите за Евробаскетот 2025.