Сениорките ја загубија контролката против Косово

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја загуби првата контролка со 1-3 против селекцијата на Косово.

Дуелот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ припадна на гостинките, кои за три дена повторно ќе им бидат противнички на Македонија во вториот пријателски меч.

Косово пред паузата стигна до предност од 1-0, а потоа во 56-тата минута дојде до двојна предност, која домаќинките ја намалија на 2-1 преку Максути по еден час игра. За жал, финишот припадна на косовската селекција во кој ја потврдија победата од 3-1.

На 11 април двете селекции повторно ќе ги одмерат силите со почеток од 13 часот.

- Оглас -

Најнови вести