21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Сент Етјен и Монако пак ќе играат на голови, тешки тестови за Пандев, Барди и Алиоски

1701 Сент Етјен – Монако (21ч)

Кнезовите се надеваат дека во завршницата од сезоната ќе се наметнат во битката за третото место на табелата кое води во квалификациите за ЛШ, меѓутоа Монако ќе треба да издвои поволен резултат вечерва ако сака да им биде конкурент на Лион, ПСЖ и Лил.

Нема да биде изненадување доколку двете екипи го повторат учинокот од првата овосезонска средба која заврши со реми од 2-2 на „Луј Втори“ стадионот.

Иако Сент Етјен не е во посебно добра форма, може да се потрпе на позитивниот биланс во дуелите против Монако како домаќин. Сент Етјен само еднаш загуби дома од Монако во последните 10 меѓусебни дуели, при тоа славеше во пет наврати, а четирипати победник не се издвои.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.05)

 

3002 Парма – Џенова (20:45ч)

Џенова на Горан Пандев ќе се обиде да ја прекине низата од шест меча без победа во Серија А, меѓутоа тимот од „Луиџи Ферарс“ го чека тежок тест на гостувањето кај Парма која исто така се бори за опстанок.

Претходно сезонава Парма славеше на гости со 2-1, односно Џенова бележи пет последователни порази во меѓусебните дуели, па затоа тимот на Пандев ќе цели да се реваншира и да стави крај на разочарувањата.

Во четири од последните пет средби на овие две екипи, ГГ3+ е најчесто добитен тип, а во зависност од расположението на екипите може да се очекува ефикасна пресметка на „Енио Тардини“.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.55)

 

1001 Фулам – Лидс јунајтед (21ч)

Лидерот Сити го спушти Фулам на земја кој пред две кола оствари голем шок против актуелниот првак Ливерпул среде „Енфилд“. Пред лондонскиот тим сега е нов тежок предизвик, да се добие дуелот против Лидс на Езѓан Алиоски кој пак во дуелот ќе влезе со лоша форма од три порази и по еден триумф и реми во последните пет кола во Премиер лигата.

Фулам со сите сили се бори да опстане во англиската елита, додека Лидс со 10 бода повеќе е сигурен на табелата, но јасно е дека Бјелса посакува неговите играчи да остварат што повеќе победи до крајот на првенството.

Првата овосезонска средба на овие две екипи беше фанстастична голеада која Лидс ја доби со 4-3, но сега е тешко да се повтори тој исход ако се знае дека Фулам е најслаб домаќин во Англија со само осум постигнати гола на 15 домашни натпревари, во кои 21 пат им беше затресена мрежата.

Предлог тип: X2 & 0-3 (2.03)

 

1302 Бетис – Леванте (21ч)

Со загубеното градско дерби против Севилја, на Бетис му дојде крајот на серијата од четири лигашки победи, додека пак Леванте ја доби градската пресметка против Валенсија, па сега во различно расположение Бетис и Леванте ќе се борат за нови важни бодови.

Андалузијците како домаќини само еднаш дозволија пораз од Леванте во претходните пет меѓусебни дуели, но она што треба да се знае е дека двете екипи редовно играат ефикасни средби. Голеади од 7+ и 6+ се видоа во последните две пресметки на овие екипи, а и пред тоа просечно се постигнувале по три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.11)

 

1801 Арминија Билефед – Лајпциг (20:30ч)

Лајпциг со киксот против Ајнтрахт си направи проблеми во обидот да ја спречи доминацијата на Баерн во Бундеслигата, па на 9 кола до крајот Црвените бикови ќе бркаат негатива од четири бода. Ова е ситуација од која мора да се извлече максимумот, за фудбалерите на Нагелсман да се надеваат на неизвесна завршница во трката за шампионската титула.

Во вкупно три меѓусебни дуели на овие екипи, од кои две се одиграни во Цвајта, Лајпциг бележеше тесни победи од 1-0 и 2-1, а се памети и реми од 1-1. Тоа ни потенцира дека ефикасноста нема да падне во втор план вечерва, ако се знае дека Лајпциг како гостин сезонава просечно постигнува по два гола во германското првенство.

Предлог тип: 2 & T22+ (1.57)

- Оглас -

Најнови вести