Сент Луис на поправен испит во Бостон

Бостон бруинс – Сент Луис блус (НХЛ финале, 02 часот)

Бостон успешно го прегрме тешкиот старт на финалната серија за првак во НХЛ лигата и иако губеше со 0:2, направи пресврт и победи со 4:2 против Сент Луис.

Искусните хокеари на Бруинс покажаа карактер, а победничкиот менталитет на Маршан, Бержерон, Пастрнак, Чара и останатите од редовите на шесткратниот првак повторно дојде до израз, како и многупати во регуларниот дел на сезоната.

Сепак, Сент Луис нема да се предаде, сака реванш за метлата од Бостон во 1970 година, што на популарните Блус им беше последно финале пред ова сега што го играат со истиот ривал од пред 49 години.

Гостите имаат најмногу победи во плејофот како гости, најавија и на првиот меч дека се многу незгоден тим, но беа надиграни од третиот и четвртиот напад на Бостон. Ноќеска ќе мора да се обидат да избегнат пораз, бидејќи по евентуален старт со два порази тешко ќе се вратат во игра за титулата.

Предлог тип: Х2 (1.79)

 

Ботафого (Бразил) – Сол де Америка (Парагвај) 00.15 часот

Многу нервоза имаше на првиот меч во Парагвај, а имаше и две исклучувања, по едно во двата тима. Тоа и не е реткост за темпераментните Јужноамериканци, а фаворитот Ботафого подобро се снајде и победи со 1:0.

Домаќините промашија пенал во првото полувреме и потоа ги казни Ерик со гол за победа на Ботафого.

И во реваншот Бразилците имаат предност и се фаворити и се подготвени да стават печат на пласманот во осминафиналето во Копа Судамерикана, а таму би играле дерби со Атлетико Минеиро.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Палестино (Чиле) – Зулија (Венецуела) 00.15 часот

Многу драма имаше на „Хозе Ромеро“ стадионот во Маракаибо на првиот меч, а само што се израдуваа на израмнување во 93. минута, гостите примија гол 120 секунди подоцна и загубија со 1:2.

Палестино сепак постигна гол на гости и ако победи без примен гол ќе оди понатаму во популарниот јужноамерикански куп.

И двете екипи имаат значајни мечеви на домашната сцена по реваншот што го играат меѓусебе ноќеска, но пред се е пласман понатаму во Коа Судамерикана.

И двете екипи немаат некој позначаен резултат во куповите, па ова им е шанса да стасаат до соминафинале. Клубот што е основан од палестински емигранти во Чиле има предност, ќе игра пред своја публика и типуваме дека ќе ја елиминира Зулија.

Предлог тип: 1&0-3 гола (1.93)

 

Пењарол (Уругвај) – Депортиво Кали (Колумбија) 00.15 часот

Славниот Пењарол забележа добар резултат на гостувањето во Кали и има одлични 1:1 од првиот меч против Колумбијците.

Клубот што има неверојатни 50 титули во Уругвај и петпати беше победник во Копа Либертадорес, ќе се обиде да биде подобар од ривалот со кој играл трипати досега како домаќин и има по една победа, реми и пораз во куповите.

Проблем за домаќините ќе биде што нема да може да игра искусниот Кристијан Родригес, поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид, Порто и ПСЖ.

Во минатото коло од уругвајското првенство главните играчи одмараа за реваншот со Депортиво Кали, па поранешниот играч на Наполи Валтер Гаргано и соиграчите ќе се обидат да ја искористат предноста што ја имаат, да играат пред своите симпатизери и со победа да се пласираат понатаму.

Предлог тип: 1(1.67)

 

Атлетико Насионал (Колумбија) – Флуминензе (Бразил) 02.30 часот

Блескавиот бразилски талент Жоао Педро доминираше на легендарната „Маракана“ на првиот меч и постигна хет-трик за Флуминензе, а популарните „триколори“ имаат предност од 4:1 пред реваншот. Педро има само 17 години и еден од најмладите играчи што постигнал хет-трик во јужноамериканските купови.

Атлетико Насионал ги освои срцата на фудбалските вљубеници со потегот во 2016 година, кога не се играше финалето на Копа Судамерикана поради трагедијата на фудбалската експедиција на Шапекоенсе.

Атлетико во знак на почит им ја предаде титулата на ривалите од Бразил, кои доживеаја голема трагедија и во падот на авионот со кој патуваа кон Меделин за финалето во 2016 година загинаа 71 лица, а само шестмина преживеаја.

Сега по три години пауза Атлетико Насионал се врати во Копа Судамерикана, но е на работ на елиминација во раната фаза. Го сменија и тренерот, сега на клупата е Аљехандро Рестрепо, а тој успеа веднаш на првиот меч како нов тренер на Атлетико да ја сопре серијата неуспеси со победа против големиот ривал Депортиво Кали.

Атлетико има и тежок меч за играње на домашната сцена против Толима, па се чини дека кренаа раце од настапот во Копа Судамерикана, по високиот пораз на „Маракана“ од 1:4.

Предлог тип: Х2&2-5 гола (2.40)

 

 

- Оглас -

Најнови вести