Сензација би било ако финалето во Мајами не е Медведев – Алкарас

Тенискиот Мастерс во Мајами се ближи кон својот крај, вечерва се играат двете полуфиналиња, во кои се знае кои се фаворити, барем според квотите во Sport Life.

Данил Медведев е голем фаворит во рускиот дуел со Карен Хачанов и би требало да се најде во финалето, а истото важи и за првиот носител Карлос Алкарас кој е голем фаворит против Италијанецот Јаник Синер.

Алкарас и Медведев играа меѓусебе и неодамна во финалето во Индијан Велс, тогаш победи Шпанецот, триумф кој му помогна да биде прв на АТП листата, а сега на Алкарас му треба одбрана на титулата во Мајами за да се задржи на прво место. Фановите на Новак Ѓоковиќ ќе навиваат за Синер, а потоа и за еден од Русите во финалето, бидејќи пораз на Алкарас ќе значи враќање на Новак на првата позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести