Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски, кој досега настапуваше за Ренова, преоѓа во редовите на францускиот прволигаш Ним. Стојановски беше еден од најдобрите стрелци во македонското првенство, а интерес за него имаше и од Борусија Менхенгладбах и Трабзонспор.
Понудата од 1,5 милиони евра за 22-годишниот Стојановски, во Ренова не можеле да ја одбијат и така по подолго време, ќе имаме наш играч во францускиот шампионат. Роберт Попов од 2008 до 2010 година беше член на Оксер.
Стојановски кој е роден во Делчево и висок е 186 сантиметри, во Ним ќе биде три сезони, а овој трансфер му е голем чекор напред во кариерата.