Јужна Африка приреди големо изненадување во осминафиналето на Африканското првенство откако вечерва со 2-0 го победи и го елиминира Мароко.
Мароканците пред околу една година стигнаа до полуфиналето на Светското првенство, сега беа кандидати за злато на Африканскиот куп на нациите, но патот го завршија неочекувано рано.
Ашраф Хакими утна пенал во 84-тата минута при 0-1 и може да се каже дека е трагичар. Убав гол за 2-0 и точка околу победникот стави Мокоена од слободен удар и прослава во стилот на Кристијано Роналдо.
https://twitter.com/i/status/1752451396606067008