Боксинг деј често знае да донесе изненадувања во Премиер лигата, а денес се случи во Лондон, каде што силите ги одмерија Челзи и Саутхемптон. Светците изненадија со триумфот од 2-0 на „Стемфорд бриџ“, со кој прекинаа убава традиција на Сините.
Челзи од 2003 година па наваму немаше претрпено пораз на меч кој се играл на католички Божиќ, досега имаа девет победи и пет ремија, а последен пат загубија од Чарлтон. Обафеми и Редмонд ја приредија сензацијата за Саутхемптон, постигнувајќи по еден гол во двете полувремиња.
https://twitter.com/Grillote4/status/1210237504131084290
Микел Артета како предводник на Арсенал тргна со реми во неговото деби на клупата. Топчиите освоија само бод на гостувањето кај Борнмут при конечни 1-1, а Обамејанг беше човекот кој не дозволи неговата екипа да запише нов негативен резултат откако Гослинг донесе предност за Црешите во првиот дел.
Со идентични 1-1 ремизираа Шефилд и Ватфорд, Кристал палас го совлада Вест хем со 2-1, додека Евертон и Астон вила со минимални 1-0 славеа против Барнли, односно Норвич.