19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Сензација на ЕП: Финска ја елиминираше Србија

Финска го направи најголемото изненадување на Европското првенство во кошарка, откако успеа да ја елиминира Србија во осминафиналето. Иако Србите важеа за први фаворити на турнирот, во првиот меч пд нокаут фазата беа шокирани. Финска победи со 92:86.

Од самиот почеток Финска покажа дека не се плаши од фаворитот и веднаш поведе со 11:1. Србите полека ја намалуваа негативата и на почетокот на втората четвртина поведоа со 30:28, а на полувреме водеа со 48:44.

Во третата четвртина Финска беше подобар тим. Водеа Финците со 63:59, а во последната четвртина влегоа со два поени предност 68:66.

Финска водеше и со 74:70, а по 77:77, во решавачките минути, одигра фантастично. Водеа Финците со 77:71 во последната минута и до крајот ја сочуваа предноста.

- Оглас -

Најнови вести