2.6 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Сензација на годината: Албасете го елиминира Реал од Купот на Кралот (Видео)

Албасете приреди вистинска сензација вечерва и со 3-2 го победи Реал Мадрид, ставајќи крај на настапот на „кралскиот клуб“ во Купот на Кралот.

Тимот кој сега игра во Сегунда, вториот ранг на шпанскиот фудбал, ја продлабочи кризата на Реал и му го расипа дебито на новиот тренер Алваро Арбелоа. За Албасете, ова е прва победа во историјата над големиот шпански гигант.

Победничкиот гол за Албасете дојде во 94-тата минута, кога Хефте Бетанкор го постигна својот втор гол на мечот, а трет во мрежата на Андриј Лунин.

Само три минути се чинеше дека Реал се спаси од пораз со голот на Гонзало Гарсија за 2-2.

Албасете поведе во 42-та минута преку Виљар, а израмни Мастантуоно во последните мигови од првиот дел. Бетанкор во 82-та минута повторно го доведе Албасете во водство, а во драматичниот финиш се случи и неверојатна сензација.

- Оглас -

Најнови вести