Во финалето на АТП турнирот во Хертогенбош, домашниот тенисер Тим ван Ријтховен приреди сензација, откако со 2:0 во сетови го победи Данил Медведев. Ван Ријтховен е на 205 место на АТП листата, а на овој турнир настапи со покана од страна на организаторот.
Холандскиот тенисер цел турнир го одигра феноменално, а во финалето со маестрална игра го победи Медведев со 6:4, 6:1. Рускиот тенисер од утре ќе биде на првото место на АТП листата, но со неочекуван пораз и без трофеј во финалето ќе го дочека „крунисувањето“ за најдобар на АТП листата.
Со овој триумф, ван Ријтховен ќе напредува дури 100 позиции на АТП листата и од утре ќе биде на 106 место во светот.
FROM WILD CARD TO CHAMPION
@timvanrijthoven takes the title against Medvedev 6-4, 6-1. @libemaopen | #LibemaOpen pic.twitter.com/p5mHso3Bt2
— ATP Tour (@atptour) June 12, 2022