Историја за Мароко и Африка – Пиринеите комплетно паднаа, по Шпанија нокаутирана е и Португалија (Видео)

Мароко приреди уште една голема сензација со елиминација на Португалија и е првата африканска селекција што ќе игра полуфинале на Светските првенства.

Јусеф Ен-Несири со гол во 42. минута го комплетира сензационалниот поход на Лавовите од Атлас, кои претходно ја елиминираа Шпанија, па сега со падот на Португалија комплетно ги освоија Пиринеите.

Ен-Несири умешно со моќен скок во 42. минута го казни киксот на голманот на Португалија Кошта и го одведе Мароко до полуфинале и историски успех.

https://twitter.com/samra_seyoum/status/1601609087858651138?s=20&t=FqGoh4piLvM72U55mScE3A

Мароко ќе игра за финале против победникот од дуелот Франција – Англија што се игра од 20 часор.

Во првото полуфинале ќе играат Хрватска и Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести