Џенис Тјен е вистинска сензација на САД опен откако најпрво ги мина квалификациите, а вечерва успеа да ја совлада 24-тата светска тенисерка, Вероника Кудерметова, со 2-1 (6-4, 4-6 и 6-4).
Победата на Тјен е интересна и бидејќи е прва за Индонезија на Грен-слем турнирите во 21-век, а таа е само втората тенисерка од оваа азиска земја која игра на главниот турнир по Ангелик Видјај.
Последната победа на тенисерка од Индонезија на големите турнири беше пред 30 години и одличната Јајук Басуки.