Сензација на Вимблдон: Третата фаворитка поразена од 116-тата тенисерка во светот

Третопласираната тенисерка во светот, 31-годишната Американка, Џесика Пегула, е првата голема „жртва“ на женскиот тениски турнир на Вимблдон. Таа во првото коло со максимални 2-0 (6:2 и 6:3) загуби од 116-тата тенисерка во светот, Италијанката Елизабета Кочиарето.

Поразот на Пегула уште во првото коло и тоа од тенисерка која е надвор од топ-100 е големо изненадување, дури и сензација, со оглед на тоа дека Американката беше една од главните фаворитки за освојување на Вимблдон.

Пегула минатата недела го освои турнирот во Бад Хомбург и затоа од неа се очекуваше да стигне далеку на овој турнир.

За 24-годишната Кочиарето победата над Пегула е само втора против тенисерки кои се во топ-10 во светот.

- Оглас -

Најнови вести