Сензација од Америка: Бекам сака да ги спои Кристијано Роналдо и Лео Меси во Интер Мајами

Двете најголеми ѕвезди на светскиот фудбал во изминатите две и пол децении, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, би можеле да заиграат заедно во ист тим на залезот од своите неверојатни кариери. Ова е „американскиот сон“ на Дејвид Бекам, англиската ѕвезда која сега е сопственик на МЛС-тимот Интер Мајами.

Бекам, според американски извори, му понудил на Кристијано Роналдо да дојде на Флорида и да заигра во дресот на Интер Мајами заедно со Лионел Меси. Така најголемите ривали во светскиот фудбал, кои своевремено имаа жестоки пресметки на Ел Класико како членови на Реал Мадрид и на Барселона, би имале можност да играат заедно барем сезона или две.

Тоа дефинитивно би било шоутајм за фудбалот во Америка.

Оваа идеја можеби е многу поверојатно да се реализира во 2025 година, кога на Кристијано Роналдо ќе му истече договорот со Ал-Наср во Саудиска Арабија. Сега, според изворот, саудискиот клуб апсолутно не е подготвен да го пушти Кристијано Роналдо предвреме да си замине во Соединетите Американски Држави.

- Оглас -

Најнови вести