Арсенал оваа година ќе биде вицешампион на Англија и ќе заврши зад Ливерпул, но веќе размислува за следниот шампионат и сака да го нападне трофејот.
Што се однесува до оваа сезона, останува уште еден трофеј во игра, оној највредниот, во Лигата на шампионите, кој Топчиите никогаш во историјата не го освоиле. Во полуфиналето, пречка им е Пари Сен Жермен.
Додека се подготвуваат за тие полуфинални мечеви, во Англија се појави спектакуларна информација, дека Арсенал планира три засилувања од Реал Мадрид. Според одредени извори, Арсенал би бил подготвен да ги купи Арда Гулер, Едуардо Камавинга и Родриго за околу 300 милиони евра. Тоа би била неверојатна аквизиција за тимот на Микел Артета.
На Топчиите до крајот на шампионатот им остануваат натпревари против Борнмут, Ливерпул, Њукасл и Саутемптон. Во Лигата на шампионите, првиот полуфинален дуел со ПСЖ е закажан за 29-ти април, а реваншот е на 7-ми мај во Париз.