Наоми Осака претрпе шокантна елиминација од Маркета Вондорусова во осминафиналето при резултат од 6-1, 6-4 во корист на чешката тенисерска. Вториот светски рекет во женскиот тенис го разочара домаќинот на Олимписките игри бидејќи се очекуваше Осака да се бори за медал, меѓутоа го заврши својот настап во раната фаза од турнирот.
Вондорусова отвори одлично и со два брејка оствари сигурна предност од 4-0 во првиот сет, за што Осака речиси да немаше одговор само со еден освоен гем, па го загуби сетот при уште еден испуштен гем на свој сервис. Осака поважа повеќе борба во продолжението и поведе со 2-0, но Чехињата возврати со брејк, по што неизвесноста владееше до 10-тиот гем, кога Вондорусова го освои клучниот брејк и со третата меч-топка ја запиша големата победа.
Вондорусова во борба за полуфиналето ќе се пресмета со подобрата од дуелот Бадоса – Подороска.