Репрезентацијата на Португалија е последниот полуфиналист на Светското ракометно првенство откако дури по продолженија ја совлада Германија со 31-30. Португалците со пласманот помеѓу најдобрите четири репрезентации во светот го постигнаа својот најдобар резултат во историјата.
Мечот започна одлично за Португалија, која имаше позитива и од четири гола разлика, но кон средината на второто полувреме Германија не само што се врати, туку го презеде и водството. До крајот на регуларните 60 минути се играше гол за гол, а Германија го имаше последниот напад за победа, но не успеаја ниту да шутнат, односно нивниот напад заглави, па мечот заврши 26-26.
Во продолженијата од двапати по пет минути повторно иста слика. Гол за гол на двете страни, а повеќе спортска среќа имаше Португалија, која на крајот победи со 31-30.
Во полуфиналето во Загреб играат Хрватска и Франција, додека во Осло се среќаваат Данска и Португалија.