Сензација: Роберто Карлос се враќа на теренот!

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос повторно ќе биде активен на фудбалскиот терен. Иако има 48 години, Карлос ќе биде дел од аматерски тим во Англија, кој успеа да ги обезбеди услугите на Бразилецот преку аукциската веб-страница E-bay и тоа за само 5 фунти.

Договорот е Карлос да влезе како замена на еден меч од Шрусбери и Дистрикт неделната лига, и тоа во дресот на паб тимот на Шропшир, Бул ин д Барн ФК.

„Возбуден сум што ќе играм за Бул ин д Барн во Шрусбери, кој се наоѓа во близина на Бирмингам, каде што пред 30-тина години, за малку ќе потпишев договор “, рече Карлос.

Аматерите од Шропшир не можеле да веруваат дека лично Карлос ќе дојде во нивното село и дека ќе го облече дресот за да одигра еден меч со нив.

Карлос одигра 11 сезони во дресот на Реал Мадрид, со кого освои три титули во Лигата на шампионите, а беше и светски првак со Бразил во 2002 година. Кариерата на Карлос заврши во 2015 година, кога последен пат го носеше дресот на тимот Делхи дајмондс во Индија. Во репрезентацијата на Бразил одигра 125 меча, а сега се подготвува за настап во селска лига во Англија.

- Оглас -

Најнови вести