Кристијано Роналдо му бил понуден на Манчестер сити минатата седмица, но предлогот на менаџерите на Португалецот бил одбиен од англискиот шампион, кој е фокусиран на доведувањето на Хари Кејн од Тотенхем.
Звучи сензационално, а ниту едниот, ниту другиот трансфер што би го чинеле Сити многу пари засега не се реализирани.
Ronaldo was offered last week and they said they’re focusing on Kane only. Maybe he’ll be offered again but as of last week it wasn’t an option
— Sam Lee (@SamLee) August 24, 2021
Постои варијанта која сепак е тешко остварлива Роналдо да дојде во Манчестер сити ако не успее акцијата за ангажман на Кејн.
Манчестер сити долго се обидува да најде заеднички јазик со раководството на Тотенхем за нивниот капитен, но засега Даниел Леви ги одбива нападите и не сака да го продаде Кејн.
Понудата на Граѓаните неофицијално е 150 милиони евра, а Тотенхем бара толку, но во фунти, што е разлика од околу 23 милиони евра.
Роналдо, слично како и Кејн, сака ова лето да ја смени средината и да си замине од Јувентус, но немаше сериозен обид од гигантите да го ангажираат, а проблемот е јасен, платата од околу 31 милиони евра на Португалецот, кој има 36 години, е преголем залак за екипите.