Репрезентацијата на Сан Марино испиша историја за својата земја откако вечерва ја забележа првата победа во историјата на официјален меч. Малата држава опколена со Италија го победи Лихтенштајн со 1-0 во натпревар од дивизијата „Д“ на Лигата на нациите.
Голот за историја на Сан Марино беше дело на Николо Сенсоли во 53-тата минута од натпреварот, кога одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник.
За Сан Марино ова е само втора победа во историјата, а досега имаат одиграно вкупно 206 натпревари. Она што е интересно, првата и единствена победа сè до вечерва беше од 2004 година, кога во пријателски натпревар го победија Лихтенштајн со 1-0.
Сан Марино на 206-те натпревари, освен двете победи, има и девет нерешени, како и 195 порази. Вкупната гол-разлика им е 33 дадени и 824 примени голови.