Сензација во Англија – Кристал палас го сопре шампионот Манчестер сити

Манчестер сити не успеа да го победи Кристал палас во последниот меч од 29-тото коло во Премиер лигата и со ремито без голови сега има само еден бод предност пред Ливерпул.

Трката за титулата ќе биде уште повозбудлива по сензацијата вечерва на „Селхурст парк“, а Кристал палас успеа да освои голем бод против шампионот.

Манчестер сити сега има 70 бода од 29 натпревари, Ливерпул е втор со 66, но има и меч помалку, па веројатно ќе решава нивниот меѓусебен дуел на 10 март, на кој актуелниот првак на Англија ќе биде домаќин.

- Оглас -

Најнови вести