Сензација во финалето на женската ЛШ, Арсенал е нов европски првак (Видео)

Арсенал е изненадувачки шампион во женската Лига на шампиони во фудбал.

Тимот од Лондон во денешното финале кое се играше во Лисабон, ја победи Барселона со 1-0, со гол на Швеѓанката Стина Блекстениус, и по втор пат во својата историја се искачи на европскиот трон, откако беа најдобри и во 2007 кога натпреварувањето уште не се викаше Лига на шампиони.

Барса го играше петтото финале по ред, а ова им е втор пораз, откако ја освојуваа титулата во 2021, 2023 и 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести