Сензација во германскиот Куп: Третолигаш ќе игра во финале откако го елиминира шампионот (Видео)

Третолигашот Арминија Билефелд е сензационален финалист на германскиот Куп, откако во полуфиналето го елиминира освојувачот на двојната круна од минатата сезона, Баер Леверкузен.

Натпреварот започна по планот за Фармацевтите кои дојдоа во водство во 17-тата минута преку Џонатан Та, но само три минути подоцна Верл израмни на 1-1. Победата за Арминија ја донесе Госер во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Противникот на Арминија Билефелд ќе биде победникот од второто полуфинале, кое на програмата е во среда, а се среќаваат Лајпциг и Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести