Фудбалерите на Емполи приредија првокласна сензација и го исфрлија бранителот на трофејот во Купот на Италија, Јувентус, на пенали. Мечот од четвртфиналето заврши нерешено, 1-1, во регуларните 90 минути, а гостите беа поуспешни на пенали со 4-2.
Емполи поведе преку Јусуф Мале во 24-тата минута, додека Јувентус израмни преку Кефрен Турам во 66-тата минута. На пеналите, за Јувентус не беа успешни Влаховиќ и Јилдиз, додека сите четворица што шутираа за Емполи беа прецизни.