Второлигашот Охрид Лихнидос приреди сензација во Купот на Македонија, во четвртфиналето го елиминираше Вардар кој беше бранител на трофејот.
Лидерот на второлигашката табела го совлада Вардар на пенали со 4-2, откако во регуларниот дел средбата финишираше со 1-1. Вардарци поведоа со гол на Николов, но охриѓани изедначија преку Матески во 91-ва минута и се изборија за пенал серија во која гостинскиот голман им ги одбрани шутевите на Бобан Николов и Данев.
Екипата на Охрид е вториот второлигаш по Шкендија Арачиново кој ќе игра во полуфиналето, а ривал ќе им биде Силекс или Детонит.

