Сензација во квалификациите за спринтот во Формула 1

Кими Антонели од Мерцедес ќе тргне од пол-позиција на утрешната спринт трка во рамки на Гран при викендот во Формула 1 кој се вози во Мајами. За младиот Антонели тоа е прва пол-позиција во Ф1 кариерата.

Италијанецот Антонели има само 18 години и зад себе ги остави Пјастри и Норис од брзиот Мекларен, првакот Ферстапен, тимскиот колега Расел и Леклер и Хамилтон од Ферари.

- Оглас -

Најнови вести