Сензација во Мајами: Синер го совлада Алкарас, Ѓоковиќ повторно е прв (Видео)

Вистинска сензација се случи на Мастерс турнирот во Мајами, откако во полу-финалето италијанецот Јаник Синер со пресврт го совлада шпанецот Карлос Алкарас. Синер го доби натпреварот со 2-1, најпрво го загуби првиот сет со 6-7, а пресвртот го направи со 6-4 и 6-2 во вториот, односно третиот сет.

Така во финалето ќе играат русинот Медведев, кој го победи Карен Хачанов со 2-1, и италијанската сензација Синер. Со овој пораз Алкарас ќе го загуби првото место на АТП листата, а Новак Ѓоковиќ повторно ќе се врати на лидерската позиција.

- Оглас -

Најнови вести