Сензација во Мајами, ветеранот го шокираше Алкарас

Големо изненадување се случи на стартот на Мастерсот во Мајами. Давид Гофин го елиминираше Карлос Алкарас. Белгискиот ветеран го победи фаворитот со 2:1 во сетови.

Уште во првиот сет беше најавена голема борба, а Алкарас иако прв претрпе брејк, го доби сетот со 7:5. Сепак Гофин не се предаде. Во вториот сет беше доволен еден брејк за Гофин да го добие сетот со 6:4 и да израмни на 1:1.

Третиот сет започна со уште еден брејк на Гофин. Алкарас се обидуваше да се врати во игра и да го врати брејкот, но наместо тоа, на крајот Гофин освои уште еден гем на срвис на противникот и на крајот заслужено го доби и решавачкиот сет со 6:3 и се пласираше во следното коло.

- Оглас -

Најнови вести