Словенечката Мура дојде до првата победа во Конференциската лига, и тоа со 2-1 против англискиот гигант Тотенхем. Мура, која летоска ја елиминира Шкендија во квалификациите за ЛШ, славеше над Англичаните со гол на Мароша во 94-тата минута.
Ова е најголем триумф во историјата на Мура. На гостите не им помогна ниту голот на Кејн со играч помалку. Сесењон беше исклучен уште во првото полувреме.