Сензација во Мелбурн: 16-годишното тениско чудо само за 56 минути го демолира својот идол

Шеснаесетгодишната тенисерка Мира Андреева направи сензација во второто коло на Отвореното првенство на Австралија со победата над шестата тенисерка на светот, Онс Жабер.

Андреева само за 56 минути игра ја победи Жабер со 2-0 во сетови, и тоа со 6:0, 6:2 и ја оствари првата победа над тенисерка од топ 10 на ВТА ранг-листата и тоа во нејзиниот четврти настап на еден гренслем-турнир. Таа по мечот откри дека токму Жабер претставува нејзина најголема инспирација.

https://twitter.com/i/status/1747441117266632795

„Бев нервозна пред натпреварот бидејќи навистина сум инспирирана од Онс и од нејзиниот начин на игра. Пред да почнам да играм во сениорска конкуренција, постојано ги гледав нејзините мечеви и секогаш бев инспирирана од нејзината игра, а сега имав можност да играм против неа. Да бидам искрена, во првиот сет одиграв фантастично, такво нешто не очекував од себе си“, изјави Андреева по мечот.

https://twitter.com/i/status/1747442407283573093

 

Интересно е што минатата година Андреева играше во финалето на Отвореното првенство на Австралија во јуниорска конкуренција, но не успеа да победи, а моментно се наоѓа на 47-мото место на ВТА ранг-листата и се очекува нејзин голем скок по завршување на турнирот.
Андреева во третото коло ќе игра против француската тенисерка Дајен Пари, која беше подобра од Русинката Рахимова.

Ова не е најдобар успех на тинејџерската сензација бидејќи минатата година стигна до четвртото коло на Вимблдон.

„Не мислам дека постигнав нешто неверојано, понекогаш кога лежам во кревет, знам да претерам со мислите, но следното утро сум ок. Мислам, имам 16 години“, вели Андреева.

Сигурен настап утринава имаа и Јаник Синер, Алекс де Минор, Тејлор Фриц, кои своите ривали ги совладаа со 3-0 во сетови, додека кај дамите Коко Гоф успешно ја мина втората пречка.

- Оглас -

Најнови вести