27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Сензација во Монте Карло, испадна Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ претрпе шокантен пораз во второто коло на Мастерсот во Монте Карло, беше елиминиран од Чилеанецот Алехандро Табило со 3-6, 4-6.

Табило кој е 32-ри на АТП листата, сега има биланс од 2-0 во победи против Ѓоковиќ, откако успеа да го совлада и лани во Рим, истотака на земјена подлога. При 5-3, Табило имаше меч топка и порано да го заврши мечот, но тогаш Новак на свој сервис се спаси и се избори за уште еден гејм во кој Чилеанецот беше подобар и славеше голема победа.

Сонот за 100-та титула во кариерата на Србинот заврши прерано, шансата ќе ја бара на друг турнир, но со ваква лоша форма, нема да биде лесно.

- Оглас -

Најнови вести