Сензација во најава, Ѓоковиќ размислува да се вакцинира против ковид-19!

Даниел Микш, човекот кој е автор на книгата за Новак Ѓоковиќ, вели дека српскиот тенисер размислува да се вакцинира против корона-вирус доколку на невакцинираните тенисери им се забрани настап на парискиот Ролан Гарос.

„Од член на семејството на Новак слушнав дека тој сериозно размислува да се вакцинира за да учествува во Париз. Можеби за тоа придонесе и победата на Надал во Мелбурн“, изјави Микш за една австриска телевизија.

Ролан Гарос ќе се игра од 22 мај до 5 јуни, а Ѓоковиќ треба да ја брани титулата од лани. Ако Србинот не игра ни во Париз, а Надал го освои и тој негов омилен гренслем, Шпанецот ќе има две титули плус во однос на Ѓоковиќ на вечната листа.

И за Вимблдон има различни најави околу тоа дали ќе им се дозволи на невакцинираните да настапат.

- Оглас -

Најнови вести