Актуелнот тренер на Рома, Жозе Мурињо, може да направи спектакуларен камбек во Интер, пишува весникот „Месаџеро“.
Мурињо во Интер би пристигнал на местото на Симоне Инзаги, кој ќе ја задржи работата само ако триумфира во Лигата на шампионите.
Нераѕурите се на добар пат да се пласираат во финалето на елитното натпреварување откако вечерва во првото полуфинале со 2:0 го совладаа Милан.
Мурињо има договор со Рома до 2024 година, а неговото име се поврзува со клупата на ПСЖ и Челзи, а веќе ја одби понудата од Саудиска Арабија да го тренира Кристијано Роналдо во Ал-Наср.
Португалецот во 2010 година го предводеше Интер до тројната круна, Нераѕурите триумфираа во Лигата на шампионите, во Купот на Италија и ја освоија титулата во Серија А. Дел од тој тим на Интер беше и легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев.
Како можни наследници на Мурињо на клупата во Рома се споменуваат Антонио Конте, кој е без ангажман по отказот од Тотенхем, и актуелниот тренер на Болоња, Тијаго Мота.