-3.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Сензација во шкотскиот Лига куп: Го срушија Селтик и го освоија само вториот трофеј во 21-виот век

Фудбалерите на Сент Мирен се сензационални освојувачи на шкотскиот Лига куп, откако во финалето на „Хемпден парк“ пред 50.000 гледачи славеа со 3-1 над гигантот Селтик.

За екипата на Сент Мирен ова е само втор трофеј во 21-виот век и повторно во истото натпреварување, кое претходно го освоија и во сезоната 2012/13.

Сент Мирен е основан пред 148 години, односно во 1877 година и освен двата трофеи од Лига купот, трипати го имаат освоено и шкотскиот ФА куп и тоа во 1926, 1959 и 1987 година.

 

- Оглас -

Најнови вести