Сензација во Загреб – Чаирска романтика го заспа хрватскиот гигант, Шкупи има 2:2 за реваншот во Скопје (Видео)

Шкупи одигра одличен меч против Динамо Загреб и одигра 2:2 на „Максимир“, резултат што им дава шанси за подвиг и елиминација на хрватскиот гигант.

Реваншот ќе се игра во Скопје на 26 јули, а Шкупи ќе се надева на нова сензација за елиминација на големиот фаворит.

Вечерва се тргна одлично за македонскиот првак, кој поведе со голот на Бразилецот Кевен во 26-тата минута.

Потоа Аријан Адеми израмни на 1:1 со гол со глава во 44-тата минута, а македонскиот репрезентативец беше клучен и за пресврт.

Му асистираше за гол на Петковиќ во 86-тата минута, кога Динамо направи целосен пресврт и поведе со 2:1, но завршниот збор го имаше Шкупи.

Интернационалецот од Јамајка, Реналдо Цефас, искористи грешка на одбраната на Динамо и на голманот Ливаковиќ и со прекрасен гол израмни на 2:2, што е супер резултат за реваншот во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести