Сензационален трансфер на повидок: Фенербахче тргнува по потписот на Карим Бензема

Екипата на Фенербахче ја изгуби битката со Галатасарај за титулата во Турција, иако во екипата беа вложени многу пари. Турските медиуми денес пренесуваат сензационална вест дека во Фенербахче се подготвува реконструкција, многу фудбалери ќе си заминат, а ќе пристигнат нови. Најголемата желба на претседателот на Фенербахче, Али Коч, е поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, а сега член на Ал-Итихад од Саудиска Арабија, Карим Бензема.

Турците велат дека Коч нема да жали средства за да го донесе францускиот интернационалец крај Босфор, а токму тој треба да биде најголемиот адут во борбата за титулата во Турција следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести