Медиуми од Хрватска пренесуваат дека Хајдук од Сплит преговара со еден од најдобрите светски голмани, Мануел Нојер. Навистина звучи нереално дека голманот кој е жива легенда на Баерн Минхен и кој е дел од Баварците веќе 12 години е пред можен трансфер во Хрватска.
Според хрватските медиуми, претседателот на Хајдук, Лукша Јакубшиќ, веќе ги започнал преговорите со Нојер, а посредник во целата оваа работа е Тони Тапаловиќ, кој долги години му беше тренер на голманите на легендарниот Германец, а пред извесен период доби отказ од Баерн Минхен.
Ваквите информации се подгреваат и со информацијата дека Мануел Нојер бил заљубен во хрватското приморје и секоја година својот одмор го поминувал токму таму.