Експертот за фудбалски трансфери, Фабриоцио Романо, денес излезе со сензационална најава на социјалните мрежи. Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, на маса има понуди од две екипи од Ла Лига и веќе во јануари ќе ги започне преговорите за трансфер.
Се работи за најтрофејната екипа во Лигата на Европа, Севиља, како и поранешниот освојувач на истото натпреварување, Виљареал. Договорот на Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува следното лето и трансферот би го направил како слободен агент, а веќе во јануари ќе започнат преговорите за личните услови.
Нашиот голман веќе петта сезона е незаменлив на голот на клубот од предградието на Мадрид, а импресивни се и неговите настапи оваа сезона, што секако го привлече вниманието на големите шпански клубови.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1723611595350421616?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1723611595350421616%7Ctwgr%5E2530491cd883ea22f417832850a79f727be76315%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fstole-dimitrievski-rayo-vallecano-ponude-sevilla-villarreal%2F462505
Столе Димитриевски потекнува од Куманово, а своите први сениорски настапи ги имаше за екипата на Работнички, каде мина две сезони. Следуваше трансфер во Удинезе, каде не доби шанса и беше позајмуван во Гранада и Кадиз, па преку Гимнастик во 2019-тата пристигна во Рајо Ваљекано. Нашиот репрезентативец има понуди и од други клубови, но целта е останување во шпанската Ла Лига. Димитриевски има 64 настапи за репрезентацијата на Македонија и е рекордер помеѓу голманите и 10-те на вкупната листа.