Сензационален трансфер во Серија А – Големата португалска ѕвезда ќе ја вади Венеција од каналот што води во понизок ранг

Сензационален трансфер се случи во Италија, а го реализира новиот калчолигаш Венеција, клуб што го доведе в своите фредови поранешниот португалски репрезентативец Нани.

Нани кој има 35 години потиша договор на 18 месеци што ќе важи за продолжението на оваа и цела идна сезона.

Некогашната голема португалска ѕвезда дојде бесплатно во Венеција и ќе се обиде да помогне да се обезбеди опстанок.

https://twitter.com/VeneziaFC_EN/status/1482047548923731973?s=20

Нани досега играше за МЛС лигашот Орландо, а ѕвездените мигови во кариерата ги мина во Манчестер јунајтед од 2007 до 2015 година. Со Црвените Ѓаволи беше европски првак, а истиот подвиг го повтори и со Португалија коаг беше освоена европската круна во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести