Сензационална најава – Шкотските гиганти Ренџерс и Селтик ќе се преселат во Топ-5 лига

Франција најавува сензационално доаѓање во Лига 1 на шкотските гиганти Глазгов Ренџерс и Селтик, а идеата што ја наметна економскиот експерт Жан-Паскал Гајант е сосема остварлива.

Во преден план се парите, а двата великани би се преселиле во француската прва лига со цел и тие, но и останатите екипи од земјата на светскиот првак да се спасат од финансиските проблеми.

Гајант смета дека пристигнувањето на шкотскиот двоец со огромна традиција и ривалитет што се протега во три века би бил спас и за француските клубови.

По пропаѓањето на договорот за продажба на ТВ правата за француското првенство, сите клубови освен Пари Сен Жермен се на работ на егзистенција.

Ренџерс и Селтик би го задржале големиот ривалитет во едно од најважните градски дербија на светот, а би играле во лига со поквалитетни ривали од тие што ги имаат во Шкотска.

Најавено е дека овој проект би стартувал во сезоната 2022/23.

 

- Оглас -

Најнови вести