Сензационална трампа во НБА го испрати Харден во Бруклин нетс

Џејмс Харден е нов член на Бруклин нетс во повеќекратната трампа што се случи вечерва, а ја одведе НБА олстар-ѕвездата во таборот на популарните Мрежички, кои сега имаат страшно квалитетен тим.

Харден им се приклули на Дурант и на Ирвинг во Бруклин, а во трампата беа вклучени и Кливленд кавалирс и Индијана пејсерс.

Хјустон ги доби Виктор Оладипо, Данте Ексум и Родион Курукс и неколку пикови на драфтот, а Кливленд се засили со Џерет Ален и Тауреан Принс од Бруклин, додека Карис Леверт замина во Индијана како замена за Оладипо.

Интересно е што сега повторно заедно ќе играат Харден и Дурант, некогашните соиграчи од ерата кога играа заедно за Оклахома сити тандер.

- Оглас -

Најнови вести